Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатско-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ. 

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека македонските транспортери ќе можат да извадат визи за движење во земјите од Шенген зоната во амбасадата на Хрватска во Скопје и во нивните дипломатско-конзуларни претставништва, со што се решава проблемот на транспортерите што се појави со воведувањето на ЕЕС системот на ЕУ.

-Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат каде било во Шенген зоната. Аплицирањето секако дека ќе биде во амбасадата на Република Хрватска во Скопје и другите конзуларно-дипломатски претставништва на Република Хрватска или директно во Загреб. Но суштината е дека ова е реализација на ова што го зборувме. Гледате дека ние, за разлика од некои од нашите соседи доста тивко ја водиме целата оваа операција затоа што сметаме дека се работи за еден суштински голем проблем кој мора да се реши и не мислам дека е начин на решавање на овој проблем со обвинување на други со плачење над сопствената судбина или со продуцирање на лажни надежи и лажни вести, рече Николоски во Тема на денот на ТВ Сител.

Појасни дека кога се случил првиот протест на превозниците во февруари првиот чекор го направи самата Европска Унија и го сфати колкав е проблемот и ја презентираа нивната визна стратегија далеку порано од тоа што беше планирано.

– И од таму беше јасно дека професионалните возачи ќе се признаат како категорија. Кога тоа успеавме да го направиме после беше само прашање на методологија како. Наш став беше дека е најлесно со дологорочни визи. Ќе се сети јавноста дека јас за време на протестите итно отидов за Загеб. Се сретнав таму со владини претставници, вклучувајчи го и мојот колега вицепремиерот и министер за транспорт Оливер Бутковиќ, со кој голе долу рамката ја договоривме и таа рамка сега Хрватска ја реализира и сакам да се заблагодарам. Хрватскиот сабор ја изгласа оваа одлука, рече Николоски.

Паралелно, додаде тој, работиме и со Романија, при крај е и таму процедурата. – Почнавме процедура и со Австрија. Веќе е оваа процедура воведена во Швајцарија, која не е членка на ЕУ но е дел од Шенген зоната, така што со ова ние горе долу го затвораме проблемот, како што кажав, тивко, мирно, без многу помпа овој период, рече Николоски.

Во однос на ЕЕС ситемот на ЕУ и проблемите со кои се соочија граѓаните и доаѓањето на туристичката сезона, Николоски рече дека тој систем не е дизајниран за нас, но за жал важи и за нас. Целта на ЕУ е справување со проблемите, пред се, со огромната нелегална миграција.

-Ние имаме две граници на кои овој систем се користи. На границата со Грција и со Бугарија. Летово очекувам голем притисок кон Грција затоа што само на Коридорот 10 поминуваат десет милиони патници годишно, од кои најголем дел се во летната сезона и очекувам дека и таму ќе има решение, рече вицепремиерот Николоски.