На секое дете му треба семејство: Одбележување на Денот на згрижувачките семејства
По повод 1 Јуни – Денот на згрижувачките семејства, во организација на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, Град Скопје и Црвен крст на Град Скопје ќе се одржи настан посветен на поддршката и промоцијата на згрижувањето како една од најхуманите форми на грижа за децата.

Настанот ќе се одржи во Зоолошка градина Скопје, со присуство на сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски, градоначалници на општините претставници на институции, соработници, донатори и згрижувачки семејства.
Целта на настанот е да се оддаде признание на згрижувачките семејства за нивната хуманост, посветеност и грижа кон децата, како и да се подигне јавната свест за значењето на згрижувањето и потребата од нови згрижувачки семејства.
Во рамки на настанот ќе бидат испратени пораки за важноста секое дете да расте во безбедна и поддржувачка семејна средина, исполнета со љубов, внимание и сигурност.
Организаторите упатуваат апел до сите заинтересирани и хумани граѓани да се информираат за можностите за згрижување и да станат дел од оваа значајна и благородна мисија.