Муцунски за „Политико“: Идејата за уставни измени стана политички токсична

Идејата за промена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Политико“, говорејќи за закочениот евроинтегративен пат на земјава. Неговата оценка е дека Македонците се уморни од постојаното, како што вели, поместување на целта кон ЕУ и дека не веруваат оти Бугарија нема да има ново барање за земјава.

Шефот на дипломатијата смета дека земјава станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на ЕУ.

Идејата за промена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Политико“, говорејќи за закочениот евроинтегративен пат на земјава. Неговата оценка е дека Македонците се уморни од постојаното, како што вели, поместување на целта кон ЕУ и дека не веруваат оти Бугарија нема да има ново барање за земјава.

„Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија“, изјави Муцунски.

Говорејќи во оваа смисла, шефот на дипломатијата вели дека земјава станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на Европската Унија.

Во текстот на „Политико“, меѓу другото, се посочува дека земјава добива кандидатски статус за членство во ЕУ од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата, но дека две децении подоцна сè уште чека суштинско отпочнување на пристапните преговори.

„Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати. Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација“, вели министерот за надворешни работи.

Муцунски вели дека не смета оти би направил нешто корисно за државата доколку го критикува начинот на одлучување во Европската Унија. Истовремено, порача дека земјата го заслужила своето место во Унијата и дека очекува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон нејзино полноправно членство.

„Нашата земја го нема луксузот да има алтернатива Б или алтернатива В“, заклучи тој.