
Мицкоски бара од маркетите да ги намалат цените
Според него, периодот на неизвесност поврзан со случувањата на Блискиот Исток завршува, а со тоа исчезнуваат и дел од аргументите кои досега се користеа за оправдување на високите цени.
Цените на горивата почнаа да се намалуваат, па Владата бара и цените на храната да се намалат.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе разговара со претставниците на маркетите, дистрибутерите и трговците, со јасно барање: основните прехранбени производи да поевтинат.
Според него, периодот на неизвесност поврзан со случувањата на Блискиот Исток завршува, а со тоа исчезнуваат и дел од аргументите кои досега се користеа за оправдување на високите цени.
„Граѓаните беа толерантни, сега е ред тие да им се оддолжат на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на производите, особено на основните прехранбени производи“, изјави Мицкоски.
Премиерот порача дека од трговците очекува брза реакција, а доколку тоа не се случи, Владата ќе ги активира механизмите што ѝ стојат на располагање.
„Оправдувања и изговори не прифаќам. Доколку не се види реакција во следните денови, ќе реагираме и тоа на подолг рок“, нагласи Мицкоски.