Македонецот Ѓорѓи Христов на чело на „Кока-Кола“ Грција и Кипар

Од компанијата очекуваат неговото меѓународно искуство и познавањето на пазарите да придонесат за натамошен раст на брендовите на „Кока-Кола“ во Грција и Кипар.

Македонецот Ѓорѓи Христов е назначен за нов генерален директор на компанијата „Кока-Кола“ за пазарите во Грција и Кипар.

На функцијата ќе го наследи Ставрос Мурелатос, кој презема поширока раководна позиција во европската организација на компанијата.

Христов има речиси 20 години искуство во системот на „Кока-Кола“. Кариерата ја започнал во индустријата за премиум алкохолни пијалаци во Македонија, по што работел во маркетингот на „Пивара Скопје“.

Во „Кока-Кола“ се приклучил во 2011 година и извршувал повеќе раководни функции во Србија, Унгарија и на европско ниво. Пред новото назначување бил генерален директор за регионот Адрија, одговорен за Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Од компанијата очекуваат неговото меѓународно искуство и познавањето на пазарите да придонесат за натамошен раст на брендовите на „Кока-Кола“ во Грција и Кипар.