Лицемерно е во владата да има бугарски државјани, а не може малцинства во Уставот, вели Филипче
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, го нарече лицемерие тоа што во Владата може да има министри со бугарски пасоши, ама не може малцинства во Уставот. Филипче на денешната прес-конференција рече дека токму одбивањето на ВМРО да го поддржи предлог-законот на СДСМ за забрана на двојни државјанства за функционери е потврда за сето ова.

„Одбија да го прифатат предлог-законот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со кој премиерот, вицепремиерите, министрите, членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Се поставува прашањето зошто го направија тоа? Затоа што половина влада требаше веднаш да си замине. Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во Владата врие од луѓе со бугарски пасоши“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека власта со години шири страв и манипулира со темата за националниот идентитет, иако највисоките функционери на ВМРО признаа дека клучните државни договори и стратешки определби се исправни.
„Какво лицемерие и какво лажење на сопствените граѓани. Прво го признаа Преспанскиот договор како ремек-дело на дипломатијата. Потоа признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени националниот идентитет, јазикот, културата. Па признаа дека благодарение на НАТО, нашата безбедност е гарантирана и тоа придонесува за подобра бизнис клима. И сега дојде време за уште едно признание, дека Мицкоски има влада полна со луѓе со бугарски пасоши и бугарски државјанства“, рече Филипче.