Концерт на Драган Даутовски на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука

На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Кривогаштани, вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи концерт на Драган Даутовски. Настанот ќе биде надополнет со кратко предавање за неолитската населба и нејзиниот развој низ антиката и средниот век.

Како што соопштуваат организаторите, концертот е дел од традиционалните настани кои повеќе години се одржуваат на крајот од истражувањето на локалитетот Врбјанска Чука.

– На овој начин културното наследство повеќе се доближува до пошироката публика, но воедно на оваа неолитска населба ѝ се дава нов контекст претворајќи ја во интимен концертен амбиент. А за оваа пригода веројатно нема посоодветен музичар од Драган Даутовски, кој со своето маестрално музицирање на неолитската топчеста флејта, ќе нѐ пренесе во светот на предисторијата и на Врбјанска Чука ќе ѝ го вдахне животот што таму бил присутен пред 8 000 години – стои во соопштението од Центарот за истражување на предисторијата кои го организираат настанот заедно со Прилепскиот џез викенд и Завод и музеј – Прилеп.