Казна од 4.000 евра и 8 години без возачка ако направиш сообраќајка во Грција додека зборуваш на мобилен

Новите сообраќајни правила во Грција предвидуваат значително построги казни за прекршоци – особено за користење мобилен телефон при возење.

Новите сообраќајни правила во Грција предвидуваат значително построги казни за прекршоци – особено за користење мобилен телефон при возење.

Според новиот закон за безбедност во сообраќајот во Грција, казната во најтешките случаи може да достигне и до 4.000 евра, заедно со одземање на возачката дозвола на неколку години.

Користењето мобилен телефон додека се управува возило е санкционирано на неколку нивоа.

При прв прекршок казната изнесува 350 евра и одземање на возачка дозвола од еден месец.

При повторување, казната се зголемува на 1.000 евра со забрана за возење од шест месеци, додека третото прекршување носи 2.000 евра казна и една година без дозвола.

Ако користењето на мобилен телефон предизвика сообраќајна несреќа, санкциите се построги – од 350 евра и еден месец забрана при прв случај, до 2.000 евра и забрана за возење до четири години при повторување, додека најтешките случаи предвидуваат казна од 4.000 евра и одземање на возачка дозвола до 8 години.

Во вакви ситуации се предвидени и затворски казни.