
Изложба на академскиот уметник Милан Андов во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на академскиот уметник Милан Андов, насловена „Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото“.
Во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на академскиот уметник Милан Андов, насловена „Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото“.
Уништувањето, дехуманизацијата и распаѓањето на човекот како единка е застапена тема во уметноста, особено во 20 и во 21 век, одразувајќи ги траумите од војните, технолошкиот напредок и отуѓувањето во современото општество. Уметноста претставува огледало на овие процеси и не само што го констатира уништувањето, туку честопати служи и како критика на општествените процеси кои водат кон губење на човечкото достоинство. Дехуманизацијата, како процес на преиспитување, анализирање, како наше лично искуство, е присутна со години во творештвото на Милан Андов, па оттаму потекнува и овој циклус на дела преточен во изложба. Токму ова е темата којашто го преокупира интересот на Андов повеќе од две децении. Тој смело ја проблематизира „грижата“, т.е. „негрижата“ кон севкупното живеење на човекот, се наведува, меѓу другото во освртот кон изложбата.
За творештвото на авторот ќе зборува Александра Зиновски-Вилиќ, куратор на изложбата, а за отворена изложбата ќе ја прогласи виш кустос и програмски раководител во Националната галерија, Маја Крстевска.
Изложбата во Мала станица ќе биде пoставена до 28 јуни 2026.