Зеленски и Руте разговараа за обезбедување пресретнувачки ракети за украинската воздушна одбрана

– Марк е добро запознаен со заканите и ние ги координираме нашите напори со земјите што ги имаат потребните ракети и способност да помогнат, објави Зеленски на платформата Икс.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте за можноста за обезбедување повеќе пресретнувачки ракети за воздушна одбрана.

– Марк е добро запознаен со заканите и ние ги координираме нашите напори со земјите што ги имаат потребните ракети и способност да помогнат, објави Зеленски на платформата Икс.

Тој додаде дека „многу е важно да се елиминира целата бирократија и да се донесат потребните политички одлуки“.

Додека Руте, по разговорот со Зеленски, исто така на Икс, објави дека разговарал со сојузниците „како можеме да продолжиме да ѝ обезбедуваме на Украина средства за воздушна одбрана што им се итно потребни“.