Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јули 2026 година околу 2:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Варшавска“, во населбата Тафталиџе, бил опожарен патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.

Во пожарот биле оштетени и патничко возило „Фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „Сангјонг“, сопственост на С.С., како и деловен објект во сопственост на Г.Л.

На терен интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успеала да го локализира и изгасне пожарот.

Според неофицијални информации, автомобилот го користел судијата Ѓоко Ристов, чие име во изминатиот период е во фокусот на јавноста поради истрага што ја води Обвинителството. Засега нема официјални информации дека пожарот е поврзан со тој случај, а од МВР информираат дека е во тек увид по кој ќе бидат познати повеќе детали за причините и околностите под кои избувнал пожарот.