
Жештините нема да попуштаат до 7-ми август
Македонија се соочува со нов, интензивен топлотен бран што ќе трае најмалку до 7 август. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати итен апел за максимална претпазливост, имајќи предвид дека високите температури и зголемената влажност на воздухот претставуваат сериозна закана по здравјето, а не само обична летна непријатност.
Македонија се соочува со нов, интензивен топлотен бран што ќе трае најмалку до 7 август. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати итен апел за максимална претпазливост, имајќи предвид дека високите температури и зголемената влажност на воздухот претставуваат сериозна закана по здравјето, а не само обична летна непријатност.
Кога температурата на воздухот се доближува до телесната, организмот сè потешко се разладува. Првите симптоми на прегревање се слабост, сува уста, вртоглавица, гадење, прекумерно потење и мускулни грчеви. Алармантни или критични симптоми може да бидат престанок на потењето, екстремно жешка кожа, зашеметеност и конфузија, забрзано чукање на срцето, отежнато дишење или губење на свеста.
ИЈЗ нагласува дека посебно внимание и помош им е потребна на лицата постари од 60 години, децата и доенчињата, бремените жени и социјално ранливите категории, како и работниците на отворено. Хронично болните (кардиоваскуларни, белодробни, бубрежни заболувања, дијабетес) и лицата на специфична терапија (диуретици, лекови за Паркинсон или епилепсија).
Препораки и препорачани мерки за заштита
Поради високите температури кои носи ризик по здравјето, надлежните здравствени институции упатија апел до сите граѓани за задолжително почитување на основните препораки:
„Се препорачува ослободување од работни обврски за бремените жени и лицата постари од 60 години. Работодавците да го реорганизираат работното време на отворено, со цел да се избегне изложеност на сонце во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено во најтоплиот дел од денот, како и напорна физичка активност.“, се вели во соопштението од Институтот за јавно здравје.
Поради зголемениот ризик од појава на шумски пожари, се апелира на максимална внимателност и непредизвикување оган на отворен простор.
Здравствените власти потсетуваат дека хронично болните лица редовно треба да ја земаат пропишаната терапија и при какви било симптоми на топлотен удар или исцрпеност веднаш да побараат медицинска помош.