ЕУ „жртвува“во Србија вредности поради геополитички и економски интереси

Истражувањето на Центарот за европски политики (ЦЕП) покажа дека расте скептицизмот кај граѓаните кон членството на Србија во Европската Унија, со оценка дека ЕУ „жртвува“ вредности заради геополитичките и економските интереси во Србија.

Истражувањето на Центарот за европски политики (ЦЕП) покажа дека расте скептицизмот кај граѓаните кон членството на Србија во Европската Унија, со оценка дека ЕУ „жртвува“ вредности заради геополитичките и економските интереси во Србија. Тоа беше потенцирано денеска на панелот на ЦЕП во Белград.

Од ЦЕП нагласија дека доколку наскоро се одржи референдум за членство, околу 36 проценти од граѓаните би гласале за приклучување кон ЕУ, 28 отсто би биле против, додека 26 проценти би биле неодлучни. Според нив, 25 отсто од граѓаните веруваат дека Србија никогаш нема да влезе во ЕУ, додека само седум проценти очекуваат членство пред 2030 година.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Андреас фон Бекерат, изјави дека се далеку од задоволни во ЕУ со тие цифри.

„Но, очигледно, далеку сме од тоа да бидеме задоволни од фактот дека околу 40 проценти од населението го поддржува членството во ЕУ, со оглед на тоа што нашата понуда за Србија е неверојатно привлечна кога станува збор за економска поддршка, зголемување на животниот стандард, но и поддршка за реформи и демократски и независни институции“, рече Бекерат.

Тој додаде дека од најголема важност да се обезбеди силна поддршка од српските граѓани за процесот на пристапување во ЕУ, за што тие треба да имаат објективна слика, заснована на факти, за придобивките од членството. Тој нагласи дека, во оваа смисла, од српските власти се очекува поголема одговорност во борбата против дезинформациите.

„Очекуваме српските власти да сторат повеќе за да промовираат и презентираат објективна слика заснована на факти за тоа колку членството во ЕУ би им донело на граѓаните на Србија. Ова не е работа само на ЕУ, треба да ја правиме во тесна соработка со властите, туку и со граѓанското општество и другите заинтересирани страни“, рече амбасадорот на ЕУ на панел-дискусијата.

Бекерат рече дека е охрабрен од фактот што има мало зголемување на поддршката на јавното мислење за членство, особено кај помладите генерации.