Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август

Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции.

Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции.

– Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за Гостивар. Таму ќе биде наведено што и како и кои институции што направиле. Самите резултати од испитувањето на водата се сопственост на Јавното комунално претпријатие од Гостивар и на Град Гостивар. Она што Министерството ќе го објави се резултатите кои беа релевантни за епидемијата, а тоа е од 1 јануари 2026 до врвот на епидемијата. Бидејќи тоа се дневни контроли на водата, не гледам ништо спорно да бидат објавени и од Јавното комунално претпријатие и од Центарот за јавно здравје – рече Клековски.

Додаде дека резултатите се достапни во центрите за јавно здравје и ќе бидат објавени.

– Фокусот ми е од оваа епидемија да излеземе транспарентно и јасно и со научени лекции. Бидејќи состојбите, особено во Гостивар, се повторуваат и треба структурно да видиме каков е проблемот во водоводот, дали имаме проблеми во реакцијата на институциите, бидејќи повеќе институции се одговорни за ова – Јавното комунално, АХВ, центрите за јавно здравје преку националната програма. И ќе ги соопштиме сите работи најтранспарентно, ништо нема да биде премолчено. Ќе ги објавиме и од 2017 и од 2019… она што е сопственост на Министерството. А тоа се тестирањата правени со националната програма. А тие што се сопственост на Јавното комунално претпријатие, треба тоа да ги објави – рече Клековски.