
Беспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.
„Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница“, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија.
Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета.
„Тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот“, рече Радев.