Георгиевски: Името Македонец, македонско секогаш било присутно во бугарската историска литература

Верувам дека изјавата „северномакедонски“ на новата министерка Чамова е логична грешка која претходно ја имаме чуено од стотина меѓународни дипломати и аналитичари и ќе биде поправена. Ова го напиша на својот Фејсбук профил, Љубчо Георгиевски, Претседател на ВМРО Народна партија, кој изнесе и свој став каде лежат проблемите меѓу нашите две држави и нации.

Верувам дека изјавата „северномакедонски“ на новата министерка Чамова е логична грешка која претходно ја имаме чуено од стотина меѓународни дипломати и аналитичари и ќе биде поправена.

Ова го напиша на својот Фејсбук профил, Љубчо Георгиевски, Претседател на ВМРО Народна партија, кој изнесе и свој став каде лежат проблемите меѓу нашите две држави и нации.

„Вистинскиот проблем е во тоа што го читам на бугарските социјални мрежи и дел на медиуми кои жестоко ја бранат.

1. Тоа е за жал непотребен говор на омраза кој е остаток од времето на ветото кога го имаше во голема количина.

2. Како што со ветото Бугарија го презема гневот од Германија и Франција кои три пати го одложија приемот во ЕУ така сега го презема гневот на Македонците од Грција чија специјалност е името.

3. Името Македонец, македонско секогаш било присутно во бугарската историска литература дури било и синоним. Денешните бугарски патриоти успеаја да престават пред меѓународната заедница дека тоа се две најнепријателски народа.

4. Крстоносната војна што ја водат некои бугарски аналитичари против името Македонец, македонски е еден од најголемите автоголови во бугарската идеолошка историја.

5. Додека српската политика го достига својот врв на србизација на Македонија после ветото, бугарската се радува на ситни победи во документи и извештаи.

6. Конечно после сто и петнаесет години порази од србите во Македонија време е да почнете да учите од нив“, напиша Георгиевски.