ВРЕДИ: Koј обвинител му нудел спогодба на Груби?

„По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството. Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ“, соопштија денеска од ВРЕДИ.

Велат „според нашите извори, Али Ахмети проценил дека судењето е многу ризично, бидејќи темпераментот на Груби е таков што тој може преку медиумите да го разјадува рејтингот на ДУИ. Груби дури веќе имал договорени интервјуа бидејќи бил уверуван дека нема да има обвинение, па потоа непријатно се изненадил. Продолжувањето на мерката куќен притвор е дополнителен притисок за да направи спогодба пред судењето да почне“.

„Интересен факт е што адвокатите на повеќето обвинети во овој случај се правосудните „играчи“ од времето на Груевски и Мијалков. Ова е сериозен сигнал дека во ДУИ се спушти гардот и се игра со сите оружја. Останува дилемата зошто не се обезбедува присуството на првиот соработник на Груби, Перпарим Бајрами. Дали заедно со преквалификацијата на делото му се дава уште една порака на Али Ахмети за сите твои матни игри има контраудар? Конечно, ниту Бујар Османи не бил многу среќен затоа што на одредени меѓународни адреси му ја прочитале играта зад брифинзите“, е ставот на ВРЕДИ.