
Откако Советот на јавни обвинители соопшти дека постапки за јавни обвинители може да се поведат врз факти, а не поради политички изјави, владејачката ВМРО-ДПМНЕ одреди нова вел – неговиот претседател.
„Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ и поранешен министер за финансии, Фатмир Бесими, се стави во одбрана на обвинителите Абази и Коларевиќ за случајот ‘Мазут3 вреден 167 милиони евра.
Советот на јавни обвинители не смогна сили да излезе од политичкото мочуриште со кое владее ДУИ, односно Али Ахмети и неговите партнери. Наместо да побараат детална истрага за овој случај кој е најголем во историјата од финансиски аспект, тие ги штитат пулените на ДУИ, молчат и седат на страна“, рече денеска на прес-конференција Лефков.
Тој во името на ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Ислам Абази и ревизија на целиот случај.