
Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол“
Лидерот на ДУИ – Али Ахмети, денеска изрази загриженост за серијата обвинувања од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонијо Милошоски, во врска со прекинувањето на истрагата за предметот „Мазут“.
Лидерот на ДУИ – Али Ахмети, денеска изрази загриженост за серијата обвинувања од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонијо Милошоски, во врска со прекинувањето на истрагата за предметот „Мазут“.
Ахмети вели дека станува збор за продолжение на притисоците и неправдите што во минатото биле вршени кон семејството Јахоски, сопственик на компанијата „Пуцко петрол“.
„Сè додека се врши овој притисок, и тоа од јавни политички личности и кога се знае дека во минатото г. Милошоски имал разни проблеми поврзани со имотот и неправдите спроведени кон семејството на ‘Пуцко петрол’, тоа е продолжение на притисок врз правдата и влијание што сакаат да го извршат врз сите спроведувачи на законите. Така што ова е прашање кое нè загрижува и тоа ќе го пренесам на сите мои средби“ – вели Ахмети.
ДУИ претходно денеска преку писмено соопштение ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за заканите и притисокот што, како што велат од опозициската партија, пратеникот Милошоски ги врши кон Обвинителството.