Американската војска повторно го нападна Иран

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји.

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји.

Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле преземени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“.

Портпаролот на CENTCOM изјави дека американската војска „продолжува да ги брани своите сили со воздржаност за време на тековното прекин на огнот“.

Иранското Министерство за надворешни работи тврди дека 24 лица, вклучувајќи двегодишно девојче и неколку млади одбојкари, биле убиени во американски ракетен напад на почетокот на војната.

Портпаролот на министерството, Есмаил Бакаеи, изјави на социјалните мрежи дека нападот се случил на 28 февруари во станбена област во градот Ламерда. Според него, тоа бил истиот ден кога САД и Израел започнале заеднички напади врз Иран.

Бакаеи го опиша нападот, кој наводно погодил и спортска сала, како „разорувачки“. Тој рече дека повеќе од 130 лица се повредени.

Рано утрово по локално време во иранскиот пристанишен град Бандар Абас се слушнале неколку експлозии, по што бил активиран системот за воздушна одбрана. Иранската револуционерна гарда првично објави три експлозии, повикувајќи се на неименувани извори, но официјалната потврда за причината не беше веднаш објавена.

Доналд Трамп изјави во текот на викендот дека со Иран се дискутираат „конечните детали“, а во понеделник нагласи дека договорот „или ќе биде одличен и значаен, или воопшто нема да има договор“.

Од друга страна, ирански портпарол изјави дека двете страни „постигнале рамка“, но дека не се согласиле за конечен договор.

Потоа дојде веста за застојот во преговорите, но и за нов американски напад врз Иран.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека преговорите за договор со Иран се одложуваат поради несогласувања околу формулацијата. Изјавата доаѓа по американските воени напади врз иранските позиции во Ормускиот теснец.

Замолен да коментира за нападите, Рубио беше јасен. „Теснецот мора да биде отворен. Ќе биде отворен на еден или друг начин и затоа мора да биде отворен“, рече тој.

Иранските власти сè уште не ги коментираа американските напади. Сепак, иранските државни медиуми ги опишаа како кршење на постојниот договор за прекин на огнот. Американските и иранските сили претходно разменија оган за време на прекинот на огнот.