Над 240.000 Албанци аплицирале за зелена карта за во САД

Граѓаните на соседна Албанија се најзаинтересирани за добивање на американска виза. Бројките објавените од страна на Стејт департментот покажуваат дека Албанија го држи рекордот во регионот во однос на бројот на граѓани кои аплицираат за иселеничка виза.

„Годинава аплицирале вкупно 240.886 Албанци, што е околу 10 отсто од вкупната популација. Многу помал број апликации има од соседните земји, Косово, Србија, Црна Гора и Северна Македонија“ јавуваат медиумите од Албанија.

За зелена карта аплицирале 23.894 граѓани од Северна Македонија, 22.748 од Србија и 21.391 од Косово, а од Црна Гора 2.696 граѓани.