
Србите револтирани од ,,Сејф сити”: Нека, благодарам! Од сега па натаму само преку Бугарија
„Сакат браќата Македонци да земаат милостина за поминати 5 км/ч над ограничувањето, а до година има трева да им никнува низ асфалтот, само овци ќе можат да видат и да свират на кожна флејта таму, за подобро и не се се вели во друг коментар“.
На граничниот премин „Табановце“ помеѓу Македонија и Србија, вчера беа забележани редици странски возачи кои чекаат да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени од камерите на системот „Безбеден град“.
„Безбеден град“ предизвика километарски колони пред Табановце, претежно од луѓе кои се враќаат од одмор во Грција, а кои поминувајќи низ Македонија направиле сообраќаен прекршок, па на излез треба да ја платат казната. А казни се наплаќаа за сторени прекршоци уште од февруари.
„Чекаме со часови со деца во автомобилите. Кој направил прекршок нека си чека и нека си плати, зошто ние да чекаме со нив кои немаме направено ништо“, се вели во друг коментар.
Но, има и такви, на кои системот им пречи.
„Сакат браќата Македонци да земаат милостина за поминати 5 км/ч над ограничувањето, а до година има трева да им никнува низ асфалтот, само овци ќе можат да видат и да свират на кожна флејта таму, за подобро и не се се вели во друг коментар“.
-Нека, благодарам! Од сега па натаму само преку Бугарија. За жал, и Охрид ќе страда, но вие самите го побаравте тоа. Ова е малтретирање на луѓето и полнење на буџетот на лесен начин, бидејќи ниту нашите политичари ниту вашите не можат да го направат тоа поинаку. Само, најголемата штета е што народот страда, се вели во друг коментар.
МВР се огласи со соопштение.
-Поголемиот број возила кои се појавуваат на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци. На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка, информираа вчера од МВР и објаснија дека „Министерството за внатрешни работи презема активности за непречено одвивање на постапката и намалување на задржувањето на патниците“.
Но, ова објаснување не беше доволно за колапсот што се случи на излез од државава и на колоните возила во кои беа и тие што треба да платат казна, но и тие кои немаат направено прекршок. Сите заедно, како што пишуваат во коментари, чекаат по неколку часа во колона од неколку километри.