
Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ освои четири награди. Филмот ја доби Специјалната награда за промовирање на родова еднаквост, додека Ева Костиќ ја освои наградата „Срце на Сараево“ за најдобра актерка. „17“ доби и награда од „Синеуропа“, како и наградата од публиката на „Уникредит“.

Петтото признание за македонски филм на фестивалот му припадна на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, кој ја освои наградата „Специјални младински перспективи“.

Петте награди се ново меѓународно признание за македонските филмски автори и екипи на еден од најзначајните филмски фестивали во регионот.