„Имавме тешки четири ипол години позади нас. Години во кои се решаваа крупни прашања за државата, кои не секогаш беа популарни. Го решивме спорот со Грција, влеговме во НАТО. Имаме спор со Бугарија кој што треба да ни ги отвори портите од ЕУ. Имавме скоро двегодишна ковид – криза која направи промени во целиот свет. Има и ситуација во која сите функционери не биле целосно отворени, не ги исполниле очекувањата на граѓаните. Јас сум 14 месеци министер за правда и сум дал максимум за системот да профункционира. Не е занемарлива бројката од 16 разрешени судии. Имаме неколку крупни пресуди, и неколку лица се во притвор или во затвор. Требало некои случаи на СЈО да бидат разрешени, но со оглед на ситуацијата јас сум задоволен, но не сум целосно задоволен“ изјави меѓудругото министерот за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „Трилинг“.