(ВИДЕО) Во Трилинг со Мемов, Огњаноска Ставровска и Прокопиев

„Бројките и податоците што ги дава Државниот завод за статистика до Фондот за пензиско, усогласувањето ќе биде околу 3%. Тука се земени зголемените трошоци за живот и просечното зголемување на платите“, изјави за ТВ Магазинот Трилинг директорот на ПИОМ, Никола Мемов.

„Бројките и податоците што ги дава Државниот завод за статистика до Фондот за пензиско, усогласувањето ќе биде околу 3%. Тука се земени зголемените трошоци за живот и просечното зголемување на платите“, изјави за ТВ Магазинот Трилинг директорот на ПИОМ, Никола Мемов.

Околу тоа дали треба да се опстои со политиката на линеарно покачување или на процентуално покачување на пензиите, Мемов смета дека тоа е политичко прашање.

„Средствата што ги одвојува Владата за усогласување на пензиите, вкупната сума на средствата што се даваат е иста. Процентот е тој“ , додава Мемов.

Директорот на ПИОМ смета дека изминатиот период покажал дека линеарното покачување е правилна одлука.

„Сметам дека е апсолутно издржано за да се намали јазот помеѓу ниските и високите пензии. Усогласувањето на пензиите е заради намалување на ценовните шокови и подобрување на животот на пензионерите и тоа нема никаква релација и врска со делот кој пензионер колку уплаќал и колкава висина на пензија има. Решението кога го добива на денот на одење во пензија е резултат на тоа кој колку придонеси плаќал. И тука се разликите во делот на плаќање на придонеси. Усогласувањето е заради подобрувањето на животниот стандард на пензионерите“, вели Мемов.

Огњаноска Ставровска околу уставни измени

„Најавената посета на Урсула фон дер Лајен е регионална посета. Носи една политичка порака дека регионот сѐ уште е во интерес за Европската Унија. Времето сметам дека е прекратко за да се излезе со конкретно решение“, вели за Трилинг Леа Огњаноска Ставровска, одговорајќи околу тоа дали најавената посета би можела да биде исчекор во дијалогот Скопје – Софија

За тоа колку идејата да се издејствува уставни измени со одложено дејство е реална, Огњаноска Ставровска смета дека треба да се размислува дали всушност станува збор за уставни измени, или понатамошно блокирање на евроинтегративниот пат.

„Она што тука е загриженост е дека самите уставни измени како такви, не би биле самиот камен на сопнување. И тоа е она што самата стручна јавност подолго време го разговара. Сметам дека треба да се разговара за решение коешто би довело до тоа уставните измени да не бидат неопвратни, односно на страната на ЕУ и поконкретно на страната на Бугарија како земја членка повторно би се појавило условување и како тогаш да се толкува самото тоа коешто државата како компромис го презела“, вели Леа Огњаноска Ставровска.

„Балканската литература од секогаш била многу моќна. И денес има барем 15 автори кои се навистина извонредни. Но гледано геополитички Балканот се третира сѐ уште како периферија дури и во литературата“, вели за „Трилинг“, писателот Александар Прокопиев.

Целото издание на Трилинг можете да го погледнете во видеото