Во посебни соби под клуч се ставени фрижидерот и комората во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) каде се чуваат реагенсите за детекција на голем број болести. Ова денеска за ТВ Сител го потврди в.д. директорката на ИЈЗ Марија Андоновска, посочувајќи дека ќе се врши постојана контрола, односно…
Повеќе...
Browsing Category
МКД
Силниот ветер искрши гранки од дрвја во Центар
Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во центар, во близина на хотелот Мериот и Комерцијална Банка.
Од УХМР соопштија дека денес попладне ќе има невреме со силен пороен дожд, град и засилен ветер од 60 километри на час.
Почина доајенот на македонското спикерство Симон Беличанец
На 82 години, вчера во Скопје почина Симон Беличанец, доајенот на македонското спикерство чија професионална кариера е врзана за Македонската радио телевизија.
Беличанец е роден на 2 јуни 1942 година во Прилеп. Таму го завршил основното…
Курти во понеделник доаѓа во Скопје, ќе има средба со Мицкоски
Косовскиот премиер, Албин Курти в понеделник, на 5 август, ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со неговиот македонски хомолог, Христијан Мицкоски, дознава македонското дописништво на приштинскиот портал „Газета експрес“.…
Тошковски и Ангелов извршија увид на пожарот во атарот на селото Зеленград – им се заблагодарија на…
Заедничка обиколка и увид на пожарот на отворено во атарот на село Зеленград во околината на Општина Пробиштип денеска направија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче…
Коалиција „Вреди“: ДУИ свесно се обидува да манипулира со јавноста во врска со инцидентот на…
ДУИ свесно и со умисла се обидува да манипулира со јавноста. Косовските власти јасно и недвосмислено изразија сомневање дека инцидентот е намерно испровоциран со цел влошување на билатералните односи со Косово.
Ноторен факт е дека пред и…
Пронајдена е 14-годишната Клара
14-годишната девојка Клара Т. која исчезна вчера вечер во населбата Илинден е најдена, потврди за тв Телма нејзината мајка Ивана Т.
Девојчето било најдено кај Транспортниот центар во Скопје.
Центарот бил една од двете локации (покрај…
Амбасадорот Гир и Ангелов утрово ги посетија пилотите кои се борат со пожарите
Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир, денес присуствуваше на редовниот утрински брифинг со националните и меѓународните воздухопловни екипи каде се информираше за активностите за гаснење на пожарите.
Сите локални и меѓународни…
Загина мотоциклист на патот Радовиш – Штип
На 02.08.2024 во 22:05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш - Штип, моторцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од С.М.(35) од село Василево, струмичко, излетал надвор од коловозот.…
Исчезната е Клара – млада девојка од скопската населба Илинден
На социјалните мрежи се споделува апел за пронаоѓање на млада девојка со име Клара.
Како што се наведува во написот кој масовно се шири на социјалните мрежи, Клара излегла вчера во 18 часот во населба Илинден, а на себе носи црни кратки…