Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа

Има Договор за добрососедство што го склучивме со РСМ. Го повикувам колегата Мицкоски, тој е мој колега, тој ми е добар пријател, од ЕПП, да престане да зборува, бидејќи изборите поминаа.

Ова го изјавил лидерот на ГЕРБ, партијата која е голем фаворит на парламентарните и европските избори во Бугарија, Бојко Борисов кој му ја честитал победата на Христијан Мицкоски, јави БГНЕС.

– Му честитав на успехот, но со оваа реторика видовте дека целата бугарска политичка класа е воспалена. Ако сака добрососедство, имаме договор, сите ќе си ги мериме приказните, изјавил Борисов во Бургас.