Училиште во градот Мариупол во кое биле засолнети 400 луѓе е погодено од бомба, објавија на Телеграм градските власти на овој пристанишен град.
Зградата се користела како засолниште за жени, деца и стари лиц,а се додека вчера не била погодена. Градските власти ги обвинија руските сили дека го извршиле нападот.
„Луѓе се уште се под урнатините“, се вели во соопштението. Се уште нема податоци за загинати или повредени.