Локалните украински власти соопштија дека најмалку 260 цивили се убиени во борбите околу Харков откако руските трупи ја нападнаа Украина пред речиси еден месец. Меѓу загинатите има и 14 деца, соопштија властите.
Градот на североистокот од Украина е опколен од руски војници и имал 1,5 милиони жители пред почетокот на војната.
Градот е гранатиран од артилерија, а неколку станбени згради беа погодени синоќа.
Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 847 цивили биле убиени и 1.399 ранети во Украина заклучно со 18 март годинава.
Повеќето од жртвите настрадале од експлозивно оружје, како што е гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќекратно лансирање, како и ракетни и воздушни напади.
Се смета дека реалниот биланс е значително поголем.