Бугарскиот вицепремиерот и министер за финансии – Асен Василев во интервју за БНР рече дека во сегашната ситуација Софија нема да разговара со руската гасна компанија „Гаспром“. Според него, постои алтернатива за рускиот гас, а на Бугарија и се потребни 3 милијарди кубни метри.
„Испораки има од Катар и Алжир, но цената ќе биде малку повисока. Ова ќе биде паневропска стратегија, а не само бугарска. Во следните 1-2 недели ќе се разговара на европско ниво да се направи заеднички договор за гас за цела ЕУ и во него да нема конкуренција меѓу поединечните земји. Овој механизам се очекува да проработ и во текот на летото“ – изјави Василев.
Договорот за испорака на руски гас за Бугарија истекува на 31. декември годинава.