Кирил Петков тврди – Во Бугарија нема независно Обвинителство!

„Информациите добиени од изнудено лице се прикриваат и игнорираат, само за да не се спроведе истрага по закон, информации кои се добро познати и веќе се достапни на Европското јавно обвинителство“.

Ова е изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков на вонреден брифинг во Советот на министри на кој присуствувал и министерот за внатрешни работи – Бојко Рашков.

„Се ускратуваат законските овластувања на истражните органи и се попречува активноста на секој што се обидува да работи против корупцијата кај нас. Во Бугарија нема независно обвинителство. Обвинителството повторно се однесува како адвокат кога станува збор за лица обвинети за корупција“ – кажал Петков.

Доцна синоќа, лидерот на ГЕРБ и екс-премиер на Бугарија, Бојко Борисов, беше ослободен откако му истече 24-часовниот притвор.

Пуштени од притвор се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината портпаролка Севдалина Арнаудова – тројцата се осомничени за злоупотреби во користењето на европските фондови и средства.