Бројот на загинати во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул се искачи на 100, соопшти денеска државната управа за цивилна одбрана.
Спасувачите додадоа дека 128 лица се водат како исчезнати, пренесува Ројтерс.
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во вторникот побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, раселени околу 150.000 луѓе.