Лондон: 193 години по неговото основање, ексклузивен машки клуб им дозволи на жени да се приклучат

Членовите на ексклузивниот лондонски машки клуб Гарик, основан во 1831 година, во вторникот донесоа историска одлука со која им дозволија на жените да бидат членови, објавија денеска британските медиуми.

На гласањето одржано во вторникот вечерта, 60 отсто од вкупно 1.500 членови на клубот Гарик го поддржаа предлогот за промена, пишува лондонски Тајмс.

Членовите се собраа во клубот во центарот на Лондон, Ковент Гарден, историското место на основањето на Здружението за борба против ропството и Фудбалската асоцијација, сметајќи го нивниот вчерашен собир речиси подеднакво значаен.