Премиерот на Велика Британија – Борис Џонсон изјави дека би било грешка да се нормализираат односите со рускиот претседател Владимир Путин по руската инвазија врз Украина.
„Да се обидеме повторно да ги нормализираме односите со Путин по ова, како што направивме во 2014 година, би значело повторно да ја направиме истата грешка“ – изјави Џонсон.
Тој рече дека земјата стои со народот на Украина.
„Со секој ден кога херојскиот отпор на Украина продолжува, јасно е дека Путин направи катастрофална грешка“ – рече Џонсон.
Го праша Путин зошто почна целосна инвазија на Украина?
„Тој беше исплашен од Украина, бидејќи во Украина имаат слобода на говор. И во Украина имаат слободни избори и со секоја година Украина напредуваше, не секогаш лесно, кон слобода и демократија и отворени пазари, тој се плашеше од украинскиот пример и се плашеше од имплицитниот прекор кон себе“ – рече Џонсон.