Државната изборна комисија на денешната прва прес- коференција информираше дека излезноста до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто.
Најголема излезност во вториот круг од претседателските избори има во Пробиштип 8,85 отсто, а најмала излезност во Боговиње 0,57 отсто.
Излезноста до 9 часот на парламентарните избори изнесува 4.45 отсто.
Најголема излезност до 9 часот на парламентарните избори има во Кривогаштани, 9,46 отсто, а најмала излезност има во Боговиње 1,43 отсто.