Претседателот на Русија – Владимир Путин вчера одржа говор на преполниот стадион „Лужники“ во Москва по повод осмата годишнина од руската анексија на Крим.
Освен пораките на лидерот на Руската федерација, на јавноста и привлече внимание и јакната на рускиот претседател.
По истражувањето е утврдено дека се работи за јакна на италијанскиот бренд „Loro Piana“ вредна околу 12.000 евра.
„Дејли мејл“ наведе дека просечен Русин треба да работи 25 месеци за да си ја дозволи јакната на Путин. Британскиот весник наведува дека во 2021 година просечната годишна плата на населението во Русија била 678.000 рубљи или околу 5.500 евра, што е помалку од половина од цената на јакната.
Today at a concert in honor of the anniversary of the annexation of #Crimea, Putin wearing a $14,000 down jacket, told the #Russians how sanctions will make #Russia stronger and how the Russian army will defeat Nazism pic.twitter.com/c7RamaNILw
— NEXTA (@nexta_tv) March 18, 2022