Финска е најсреќната држава на светот, во рангирањето што 10 години го прават Обединетите нации по повод Меѓународниот ден на среќата,.
Финска неколку години по ред го озвојува приматот поради многу високи оценки за сите параметри од Светскиот извештај за среќата, како очекуван животен век, БДП по глава на жител, социјална поддршка и ниска корупција.
Зад Финска се Данска и Исланд, па Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.
Рангирањето е направено на 146 држави, а Македонија е на 89. место, меѓу најнесреќните земји на Балканот.
Во регионот најдобро котира Словенија, на 22. место.
На дното на оваа листа се Авганистан, пред Либан, Зимбабве, Руанда и Боцвана.