Претседателот на Украина – Володимир Зеленски утрово со свој коментар на настапот на рускиот колега – Владимир Путин на стадионот во Москва. Зеленски се огласи откако Путин ја пофали „специјалната воена операција“ во Украина како „херојска“ мисија на руската војска за време на патриотскиот митинг на стадионот „Лужники“ во Москва пред десетици илјади Руси.
„Сто илјади луѓе пред стадионот, заедно со 95.000 во самата арена, приближно одговараат на бројот на руски војници кои влегоа во Украина. А сега замислете 14.000 мртви тела на овој стадион со уште неколку десетици илјади ранети и осакатени“ рече Зеленски алудирајќи на руските загуби од почетокот на војната, според украински проценки.
Зеленски пак повика на итен прекин на конфликтот.
„Војната мора да заврши, предлозите на Украина се на маса“ рече тој.