Од денот на распишување на претседателските, односно парламентарните избори, до денес, оформени се вкупно 45 предмети од областа на спречување на корупција, информира претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.
Таа во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека примиле околу 400 барања од државни институциии во однос на мислење за постапување во делот на што смеат, односно што не смеат да прават додека трае изборниот процес, односно изборната кампања.
– Од оваа бројка, 45 предмети што се однесуваат на постоење на сомневање за сторени прекрашувања во изборниот процес, оформени се 41 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на вработување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос. 21 предмет има оформено ДКСК по овој основ. Четири предмети се однесуваат за постоење сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети, вели Димитровска.