Во соопштение од вооружените сили на Украина се вели дека околу 14.200 руски војници досега се убиени од почетокот на руската инвазија, од 24 февруари.
Украинците тврдат дека се уништени 450 руски тенкови и речиси 1.450 други оклопни борбени возила, заедно со 93 руски авиони и 112 хеликоптери.
Дополнително, велат дека уништени се 205 руски артилериски системи, заедно со 72 повеќекратни ракетни системи за лансирање и 43 системи за противвоздушно оружје.
„Си-Ен-Ен“ потенцира дека не може од независен извор да ги потврди овие тврдења. Американските проценки за руските жртви се движат од 3.000 до 10.000, според информациите на американските и НАТО официјални лица.