Четвртфинале во ЛШ: Челси против Реал, Сити на мегдан со Атлетико
Европскиот фудбалски шампион, лондонски Челси титулата во еминентното натпреварување на Стариот континент ќе треба да ја брани против мадридски Реал. Ова е една од четирите четвртфинални двојки во фудбалската Лига на шампиони, денеска извлечени на жрепката во Нион.
Во останатите три двобои, Бенфика ќе игра против Ливерпул, Виљареал ќе ги одмери силите со Баерн Минхен, а Манчестер Сити за противник го доби Атлетико Мадрид.
Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 5 и на 6 април, а реваншите се на 12, односно 13 април.
Финалето во ЛШ сезонава е закажано за 28. мај во Париз.