Во Полска влегле над 2 милиони украински бегалци
Над два милиони бегалци влегле во Полска од Украина од почетокот на инвазијата, соопшти полската погранична служба. Најголем дел од нив биле жени и деца.
Портпаролот на Агенцијата за бегалци при ОН рече дека постои загриженост во Полска дека земјата „почнува да ја достигнува точката на пукање во однос на бројките“.
Шефот на одделот за вести и медиуми при Агенцијата за бегалци, Метју Салтмарш рече дека нападот врз објект за одржување на авиони во Лавов утринава може да предизвика дополнителен прилив на бегалци кои се упатуваат кон границата.
Лавов не е далеку од полската граница и многу Украинци допатуваа во градот заради релативна безбедност.