„Универзална сала, таа ваша кандидатка што вие ја промовирате со бело палтенце ја остави да пропаѓа, отворен објект, отворено градилиште. Пожарот е нешто што се случи и од тоа никој не избега, меѓутоа дека се обидовте да го пропагирате тоа на никој не можете да му го одземате, но дека тоа ви е во крвта да ги оставате работите што вас не ви се по ќеиф да пропаѓаат, тоа е многу точно така.“ и рече Бисера Костадиновска – Стојчевска, министерката за култура на противкандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Олга Лозановска на дебата „Само вистина“ на Канал 5.
Во однос на прашањето околу реконструкција на Аквадуктот таа одговори дека во моментот се реконструира.
„Аквадуктот во моментов се реконструира и го реконструираме неколку години на назад, меѓутоа, министерството за култура не е криво дека е дива депонија, тоа е на граѓаните. Библиотеката, минатата година ја започнавме со реконструкција. Библиотеката за која и сами кажавте колку е суштински важна, зошто претходно никој не чепнал, не поместил ниедно камче таму? Зошто беше поважно Скопје 2014 наместо библиотеката? За аквадуктот, повторно ќе кажам и за депонијата што таму се создава апелиравме многу пати до општините каде што самиот аквадукт се наоѓа“, истакна Костадиновска-Стојчевска.
Таа заклучи дека обврска на министерството е да го реновира, реконструира, конзервира и да го заштити, меѓутоа да изиграва таму полицаец не е тоа обврска на самото министерство.