Кличко очекува жесток напад на Киев, сличен како во Мариупол и Харков
Виталиј Кличко – градоначалникот на Киев денеска разговараше со специјалниот дописник на „Скај Њуз“ веднаш по повеќекратното гранатирање на населба од главниот град, укажувајќи на штетата.
„Шест згради, вклучувајќи и една предучилишна установа, се оштетени во нападот врз населбата Подил во Киев“ – рече Кличко.
Гранатираната населба е во северниот дел на градот, на околу 1,5 милји од владиниот кварт, каде се наоѓа претседателската палата.
„Нападот беше насочен кон станбена област без воена база“ – рече Кличко.
На прашање што очекува да се случи следно во Киев, тој вели дека верува дека ќе следува жесток напад, сличен на оние во Мариупол и Харков.