Петков: Апсењето на Борисов покажува дека никој не е над законот!

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков, во видео порака изјави дека апсењата на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ – Бојко Борисов, екс-министерот за финансии – Владислав Горанов, и „пи-арот“ на Борисов – Севдалина Арнаудова, покажуваат дека никој не е над законот.

Петков вели дека Европското обвинителство во моментов ја истражува злоупотребата на европските фондови и средства.

„Мојата улога е да им дадам целосна слобода на сите тела да дејствуваат во согласност со нивните законски овластувања. Никој не треба да се плаши од вистината! Само без страв од недопирливите Бугарија може навистина да се промени“ рече Петков.

Бугарскиот премиер потврди дека вчера бил сослушан во Националната полиција поради што беше одложена владината седница.

Бугарскиот претседател Румен Радев од Стара Загора коментираше дека не се меша во работата на органите на прогонот, но правдата нема да надвладее додека судот не донесе одлука.