Синџирот ресторани „Вујко Вања“ во Русија е претставен како замена за американската фирма „Мекдоналдс“.
Многумина ова го сметаат токму дека поради сличното лого, жолто-црвен знак.
Регистрацијата на трговската марка „Вујко Вања“ (оригинално `Дядя Ваня`) била поднесена до руските власти минатата недела, се наведува.
„Мекдоналдс“ претходно објави дека привремено ги затвора сите 847 свои ресторани во Русија бидејќи светските брендови се соочуваат со притисок од потрошувачите да се спротивстават на инвазијата на Владимир Путин на Украина.
Претседателот на државното Собрание, Вјачеслав Володин минатата недела објави дека „Вујко Вања“ треба да го замени „Мекдоналдс“.
Според властите во Москва, домашните угостителски фирми може да заменат 250 ресторани на „Мекдоналдс“ во руската престолнина во рок од една година. Се наведува и дека Градскиот совет доделил 500 милиони рубљи (околу 4,36 милиони евра) како субвенција.