Погодена фабрика за авиони кај Лaвов, денеска три експлозии во градот

Украинските медиуми јавуваат дека утринава неколку ракети ја погодиле фабриката за поправка на авиони во украинскиот град Лавов, во западниот дел на земјата, во близина на границата со Полска.

Градоначалникот – Андриј Садовиј соопштил дека нема жртви во нападот, а уништена е фабричката зграда и работниот процес е во прекин.

Според воени извори, нападот е извршен со ракети „Кх-55“ лансирани од тешки стратешки бомбардери. Со овој тип на оружје во неделата била нападната и воената база во близина на Јаворив.

Утринава околу 6.30 часот биле регистрирани најмалку три експлозии во Лавов, но ниту една од нив не се случила на аеродромот.

Од почетокот на инвазијата, стотици илјади бегалци минуваат низ овој град, со цел да стигнат на безбедно, во Полска.