Европски политичари со предлог – Володимир Зеленски, актуелниот претседател на Украина да биде номиниран за Нобеловата награда за мир за 2022. година. Ова е наведено во нивното писмо, објавено на специјалната веб-страница – „nobelprizeforukraine“.
Сегашни, но и поранешни политичари, европратеници, го повикаа норвешкиот Нобелов комитет да ја преиспита процедурата за номинирање за Нобеловата награда за мир за 2022 година и да го продолжи рокот за пријавување за да има време на листата да се додаде името на Володомир Зеленски.
Прес-службата на Норвешкиот Нобелов комитет објави дека оваа година за Нобеловата награда за мир се номинирани 251 поединец и 92 организации.
Рускиот новинар и главен уредник на „Новаја газета“ Дмитриј Муратов и филипинската новинарка Марија Реса ја добија Нобеловата награда за мир за 2021. година.