„Европската унија и НАТО се обединети како никогаш досега“.
Ова е пораката со која министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска им се обрати на амбасадорите на Европската Унија и земјите на НАТО и на шефот на претставништвото на Европската комисија во Бугарија за време на работниот појадок.
Генчовска истакнала дека надворешнополитичките приоритети на Бугарија во контекст на актуелните драматични настани остануваат непроменети и се уште повалидни.
„Ја користам оваа прилика да истакнам колку ја цениме солидарноста и едногласната поддршка на Алијансата во зајакнувањето на источното крило на НАТО“, рече министерката Генчовска.
Во однос на ситуацијата во Украина, таа рече дека Бугарија се вклучила во заедничките напори на ЕУ за обезбедување хуманитарна помош.