„Во 36 дена борби на Иво Џима за време на Втората светска војна, беа убиени речиси 7.000 маринци. Сега, 20 дена откако претседателот Владимир В. Путин од Русија ја нападна Украина, неговата војска веќе изгубила повеќе војници“.
Оваа информација ја лиферуваше „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на проценките на американските разузнавачи.
„Станува збор за неверојатен број собран за само три недели борби“ велат американските власти, со импликации за борбената ефикасност на руските единици, вклучително и војниците во тенковските формации.
Официјални лица од Пентагон велат дека стапката на жртви од 10 отсто, вклучително загинати/ранети, за една единица ја прави неспособна да ги извршува задачите поврзани со борбите.
Со повеќе од 150.000 руски војници кои сега се вклучени во војната во Украина, руските жртви, вклучувајќи ги 14.000 до 21.000 повредени, се блиску до тоа ниво.
Згора на тоа, информациите се дека руската војска изгубила најмалку тројца генерали во борбата.